МЕЃУНАРОДЕН
СТАНДАРД ЗА КОНТРОЛА
НА КВАЛИТЕТ 1
КОНТРОЛА
НА КВАЛИТЕТОТ
ЗА ФИРМИ КОИ
ВРШАТ
РЕВИЗИИ И
ПРОВЕРКИ НА
ИСТОРИСКИ
ФИНАНСИСКИ
ИНФОРМАЦИИ И
ДРУГИ
АНГАЖМАНИ ЗА
УВЕРУВАЊЕ И
ПОВРЗАНИ
УСЛУГИ
(Стапува во
сила на 15 јуни
2005 година)*
СОДРЖИНА
|
|
Точка |
|
Вовед.................................................................................................................................. |
1-5 |
|
Дефиниции ........................................................................................................................ |
6 |
|
Елементи на систем за контрола на квалитетот............................................................ |
7-8 |
|
Одговорности на лидерите за квалитетот во рамките на фирмата ............................. |
9-13 |
|
Етички барања .................................................................................................................. |
14-27 |
|
Прифаќање и продолжување на односот со клиентот и специфични ангажмани ...... |
28-35 |
|
Човечки ресурси .............................................................................................................. |
36-45 |
|
Извршување на ангажман ............................................................................................... |
46-73 |
|
Следење ........................................................................................................................... |
74-93 |
|
Документирање.................................................................................................................. |
94-97 |
|
Датум на стапување во сила ........................................................................................... |
98 |
Меѓународниот стандард за контрола на квалитетот (МСКК) 1, Контрола на квалитетот за фирми кои вршат ревизии и проверки на историски финансиски информации, и други ангажмани за уверување и поврзани услуги треба да се чита во контекст на Предговорот на Меѓународните стандарди за контрола на квалитетот, ревизија, уверување и поврзани услуги, којшто ја определува примената и важењето на МСКК.
Вовед
1. Целта на овој Меѓународен стандард за контрола на квалитетот (МСКК) е да воспостави стандарди и обезбеди упатство за одговорноста на фирмата за нејзин систем на контрола на квалитетот за ревизии и проверки на историски финансиски информации и за други ангажмани за уверување и поврзани услуги. Овој МСКК треба да се чита заедно со дел А и дел Б на Кодексот за етика на професионални сметководители на МФС (Кодексот на МФС).
2.
Дополнителни
стандарди и
упатство за
одговорностите
на
персоналот
на фирмата за
постапките на
контрола на
квалитетот
за специфични
видови на
ангажмани се дадени
во други соопштенија
на Одборот за
меѓународни
стандарди за
ревизија и
уверување (ОМСРУ).
На пример, Меѓународниот
стандард за
ревизија (МСР)
220, Контрола на
квалитетот
за ревизии на
историски
финансиски
информации, воспоставува
стандарди и
обезбедува
упатство за постапки
на контрола
на квалитетот
за ревизии на
историски
финансиски
информации.
3. Фирмата
треба да
воспостави
систем на контрола
на квалитетот
дизајниран
да
обезбедува
разумно
уверување
дека фирмата
и нејзиниот
персонал се
придржуваат
кон
професионалните
стандарди и законските
и
регулаторни
барања и дека
извештаите
издадени од
фирмата или партнерите
на ангажманот
се соодветни во
околностите.
4. Системот на контрола на квалитетот се состои од политики дизајнирани за постигнување на целите поставени во точка 3 и постапките неопходни за имплементирање и следење на усогласеноста со тие политики.
5. Овој МСКК се применува од страна на сите фирми. Природата на политиките и постапките развиени од поединечни фирми за усогласеност кон овој МСКК ќе зависи од различни фактори какви што се големината и оперативните карактеристики на фирмата и дали е таа дел од мрежа.
Дефиниции
6. Во овој МСКК следните термини го имаат значењето опишано подолу:
(а) “Партнер на ангажманот” – партнерот или друго лице во фирмата кое е одговорно за ангажманот и неговото извршување и за извештајот кој е издаден во името на фирмата, и кој, доколку се бара, го има соодветното овластување од некое професионално, правно или регулаторно тело.
(б) “Проверка на контрола на квалитетот на ангажманот“ е процес кој е дизајниран да обезбедува објективна оценка, пред да се издаде извештајот, на значајните расудувања кои ги направил тимот на ангажманот и заклучоците кои тие ги постигнале при формулирање на извештајот.
(в) “Проверувач на контролата на квалитетот на ангажманот“ – е партнер, друго лице во фирмата, соодветно квалификувано надворешно лице или тим сочинет од такви поединци со достатно и соодветно искуство и овластување за објективно оценување, пред да биде издаден извештајот, на значајните расудувања кои ги направил тимот на ангажманот и заклучоците кои ги постигнале при формулирање на извештајот.
(г) “Тим на ангажманот“ – целиот персонал кој го извршува ангажманот, вклучувајќи експерти со кои фирмата склучила договори во врска тој ангажман.
(д) “Фирма“ – самостоен практичар, партнерство, корпорација или друг ентитет на професионални сметководители.
(ѓ) “Инспекција“ - во врска со комплетирани ангажмани, постапки дизајнирани да прибавуваат докази за придржувањето на тимовите на ангажманот кон политиките и постапките на фирмата за контрола на квалитетот.
(е) “Ентитет кој котира на берза“ *– е ентитет чии хартии од вредност, сопственички или должнички, котираат на признаена берза на хартии од вредност, или се тргувало со нив според прописите на признаена берза на хартии од вредност или друго еквивалентно тело.
(ж) “Следење“ – процес кој опфаќа постојано разгледување и оценување на системот на контрола на квалитетот во фирмата, вклучувајќи и периодична инспекција на избрани комплетирани ангажмани, дизајниран да овозможи фирмата да добива разумно уверување дека нејзиниот систем на контрола на квалитетот дејствува ефективно.
(з) “Умрежена фирма‘‘ *– ентитет кој се наоѓа под заедничка контрола, сопственост или менаџмент на фирмата или кој било ентитет така што разумна и информирана трета странка која ги познава сите релевантни информации разумно би заклучила дека е дел од фирмата од национален или меѓународен аспект.
(ѕ) “Партнер“ – секој поединец со овластување да ја обврзе фирмата во поглед на извршувањето на ангажман за професионални услуги.
(и) “Персонал“ – партнери и вработени.
(ј) “Професионални
стандарди“ -
Стандарди на
ОМСРУ за
ангажмани,
како што е
дефинирано
во “Предговорот
на меѓународните
стандарди за
контрола на
квалитетот,
ревизија, уверување
и поврзани
услуги“ на ОМСРУ и
релевантните
етички
барања, кои вообичаено
ги опфаќаат
дел А и дел Б
на Кодексот на
МФС и
релевантните
национални
етички
барања.
(к)
“Разумно
уверување“ –
во контекст
на овој МСКК,
високо, но не апсолутно
ниво на
уверување.
(л)
“Вработени“
– професионалци,
кои не се
партнери,
вклучувајќи
и експерти
кои ги
вработува
фирмата.
(љ) “Соодветно
квалификувано
надворешно
лице“ –
поединец
надвор од
фирмата со способности
и компетентност
да дејствува
како партнер
на ангажманот,
на пример
партнер на
друга фирма,
или вработен
(со соодветно
искуство) на
или професионално
сметководствено
тело чии
членови може
да вршат
ревизии и
проверки на
историски
финансиски
информации
или други
ангажмани за
уверување
или поврзани
услуги, или
на
организација
која
обезбедува
релевантни
услуги на контрола
на квалитетот.
Елементи
на системот
на контрола
на квалитет
7. Системот на
контрола на
квалитетот
во фирмата
треба да
вклучува
политики и постапки
кои го разгледуваат
секој од
следниве
елементи:
(а)
Одговорности
на лидерите за
квалитет во
рамките на
фирмата.
(б)
Етички
барања.
(в)
Прифаќање
и
продолжување
на односот со
клиентот и
специфични
ангажмани.
(г)
Човечки
ресурси.
(д) Извршување на
ангажман.
(е)
Следење.
8. Политиките и постапките на контролата на квалитетот треба да бидат документирани и соопштени на персоналот на фирмата. Таквата комуникација ги опишува политиките и постапките на контрола на квалитетот и целите за кои тие се дизајнирани да ги постигнат и ја вклучува пораката дека секој поединец има лична одговорност за квалитетот и од него се очекува да се придржува кон тие политики и постапки. Покрај тоа, фирмата ја признава важноста на добивање на повратна информација од персоналот за нејзиниот систем на контрола на квалитетот. Затоа фирмата го охрабрува својот персонал да ги соопштува своите погледи или размислувања за прашања поврзани со контролата на квалитетот.
Одговорности
на лидерите за
квалитетот во
рамките на
фирмата
9. Фирмата
треба да
воспостави
политики и постапки
дизајнирани
да промовираат
интерна
култура која
почива на
признавањето
дека
квалитетот е
суштински во
извршувањето
на ангажманите.
Таквите
политики и постапки
треба да
бараат главниот
извршен
директор на
фирмата (или
еквивалент)
или, доколку
е соодветно,
управниот
одбор на
партнерите
на фирмата
(или еквивалент)
да ја преземат
крајната
одговорност
за системот на
контрола на
квалитетот
во фирмата.
10. Лидерите на фирмата и примерите кои ги дава значајно влијаат на интерната култура на фирмата. Промовирањето на интерна култура ориентирана кон квалитет зависи од јасни, конзистентни и зачестени дејствија и пораки од сите нивоа на менаџментот на фирмата, нагласувајќи ги политиките и постапките на фирмата за контрола на квалитетот и барањето да се:
(а) Извршува работа која се придржува кон професионални стандарди и регулирачки и законски барања; и
(б) Издаваат извештаи кои се соодветни во околностите.
Таквите дејствија и пораки поттикнуваат култура која признава и наградува високо квалитетна работа. Тие може да бидат соопштени преку семинари за обука, состаноци, формален или неформален дијалог, изјави за мисијата, билтени или меморандуми. Тие се вклучени во интерната документација и материјалите за обука на фирмата, како и во постапките за оценување на партнерот и вработените така што тие ќе го поддржат и ќе го поткрепат погледот на фирмата за важноста на квалитетот и како, практично, тој да биде постигнат.
11. Од посебна важност е потребата лидерите на фирмата да признаат дека деловната стратегија на фирмата е предмет на најважното барање за фирмата да остварува квалитет во сите ангажмани кои ги извршува. Според тоа:
(а) Фирмата ги распределува своите менаџерски одговорности така што комерцијалните надоместоци да не бидат поважни од квалитетот на извршената работа;
(б) Политиките и постапките на фирмата кои го разгледуваат оценувањето на работењето, надоместокот и унапредувањето (вклучувајќи и систем на наградување) на нејзиниот персонал, се дизајнирани да ја демонстрираат најважната посветеност на фирмата на квалитет; и
(в) Фирмата посветува доволно ресурси за подобрување, документирање и поддршка на своите политики и постапки за контрола на квалитетот.
12. Лицето или лицата со оперативна одговорност за системот на контрола на квалитетот на фирмата која им е доделена од страна на главниот извршен директор или управувачкиот одбор на партнери, треба да имаат достатно и соодветно искуство и способност и неопходно овластување, за да преземат таква одговорност.
13. Достатното и соодветно искуство и способност им овозможува на одговорното лице или лица да ги идентификуваат и разберат прашањата поврзани со контролата на квалитетот и да развијат соодветни политики и постапки. Неопходното овластување им овозможува на лицето или лицата да ги имплементираат тие политики и постапки.
Етички
барања
14. Фирмата треба да воспостави политики и постапки дизајнирани да и обезбедуваат разумно уверување дека фирмата и нејзиниот персонал се придржуваат на релевантните етички барања.
15.
Етичките
барања кои се
однесуваат
на ревизии и
проверки на
историски финансиски
информации и
други
ангажмани за
уверување и
поврзани
услуги вообичаено
се состојат
од дел А и дел
Б на Кодексот
на МФС заедно
со
националните
барања кои се
поограничувачки.
Кодексот на
МФС ги
воспоставува
основните
принципи за
професионална
етика кои
вклучуваат:
(а) Интегритет;
(б) Објективност;
(в) Професионална компетентност и должно внимание;
(г) Доверливост; и
(д) Професионално однесување.
16.
Дел Б на
Кодексот на МФС
вклучува
концептуален
пристап кон
независноста
во
ангажманите
за уверување
кој ги зема
во предвид заканите
по
независноста,
прифатената
заштита и јавниот
интерес.
17.
Политиките
и постапките
на фирмата ги
нагласуваат основните
принципи кои
се посебно поттикнати
преку (а)
лидерството на
фирмата, (б) образование
и обука, (в)
следење и (г)
процес на справување
со неусогласеноста.
Независноста
во
ангажманите
за уверување
е толку значајна
така што е
посебно разгледана
во точките 18 - 27
подолу. Тие
точки треба
да се читаат
заедно со
Кодексот на МФС.
Независност
18.
Фирмата
треба да
воспостави
политики и постапки
дизајнирани
да обезбедуваат
разумно
уверување
дека фирмата,
нејзиниот персонал
и, каде што е
применливо,
други кои
подлежат на
барањата за
независност
(вклучувајќи и
експерти со
кои фирмата
склучила
договор и
персонал на умрежена
фирма), ја одржуваат
независноста
каде што се
бара со
Кодексот на МФС
и
националните
етички
барања.
Таквите
политики и постапки
треба да и овозможат
на фирмата
да:
(а) Му
ги соопштува
на
персоналот
нејзините
барања за
независност
и каде што е
применливо,
на други кои
подлежат на
нив; и
(б)
Ги
идентификува
и оценува
околностите
и односите
кои
создаваат закани
по независноста,
и да презема
соодветно
дејствие за
да се
елиминираат
тие закани
или да се
намалат на
прифатливо
ниво преку користење
на заштита
или, доколку
се смета за
соодветно, да
се повлече од
ангажманот.
19.
Такви
политики и постапки
треба да
бараат:
(а)
Партнерите
на ангажманот
да и обезбедуваат
на фирмата
релевантни
информации
за ангажманите
со клиенти,
вклучувајќи
го и
делокругот
на услугите, за
да и
овозможат на
фирмата да го
оценува
севкупното
влијание,
доколку
постои, врз
барањата за
независност;
(б)
Персоналот
веднаш да ја
извести
фирмата за
околности и
односи кои
создаваат закана
по
независноста
за да биде
преземено
соодветно
дејствие; и
(в)
Собирање
и соопштување
на
релевантни
информации
на соодветниот
персонал за
да:
(i)
Фирмата
и нејзиниот
персонал можат
веднаш да
утврдат дали
тие ги
задоволуваат
барањата за
независност;
(ii)
Фирмата
може да ги
чува и
ажурира
нејзините
евиденции
кои се
однесуваат
на независноста;
и
(iii) Фирмата
може да
преземе
соодветно
дејствие за
идентификуваните
закани по
независноста.
20.
Фирмата
треба да
воспостави
политики и постапки
дизајнирани за
да и овозможуваат
разумно
уверување
дека таа е
известена за неисполнување
на барањата за
независност
и да и
овозможат да
преземе
соодветни
дејствија за
да се разрешат
таквите
ситуации.
Политиките и постапките
треба да
вклучуваат
барања за:
(а)
Сите
кои подлежат
на барањата
за
независност
веднаш да ја
информираат
фирмата за прекршување
на
независноста
за кое тие
станале
свесни;
(б)
Фирмата
веднаш да им
ги соопшти
идентификуваните
прекршувања
на тие
политики и постапки
на:
(i)
Партнерот
на ангажманот
кој, заедно со
фирмата,
треба да го
разгледа
прекршувањето;
и
(ii)
Друг
ревизорски
персонал во
фирмата и тие
кои подлежат
на барањата
за независност
коишто треба
да преземат
соодветно
дејствие; и
(в)
Веднаш
да се информира
фирмата, доколку
е неопходно,
од страна на партнерот
на ангажманот
и другите
поединци на
кои се
повикува
подточка (б) (ii) за
дејствијата
преземени за
да се разреши
прашањето,
така што
фирмата може
да утврди
дали таа треба
да преземе
понатамошно
дејствие.
21.
Сеопфатно
упатство за заканите
по
независноста
и заштитата,
вклучувајќи
и примена во специфични
ситуации, е поставено
во делот 8 на
Кодексот на МФС.
22.
Фирма
која добива
известување
за прекршување
на политики и
постапки на
независноста
веднаш им ги
соопштува
релевантните
информации
на партнерите
на ангажманот,
други лица во
фирмата
доколку е
соодветно и,
каде што е
применливо,
експертите
со кои
фирмата
склучила
договор и
персоналот
на умрежена
фирма, за
соодветно
дејствие.
Соодветно
дејствие од страна
на фирмата и
релевантниот
партнер на
ангажманот
вклучува
примена на
соодветни
заштити за елиминирање
на заканите
или за нивно
намалување
на
прифатливо
ниво, или
повлекување
од ангажманот.
Покрај тоа,
фирмата
обезбедува
едукација за
независноста
на
персоналот
од кој се
бара да биде
независен.
23. Најмалку
еднаш годишно,
фирмата
треба да добие
писмена конфирмација
за придржување кон
политиките и постапките
за
независност
од целиот
персонал на
фирмата од
кој се бара
да биде
независен
според Кодексот
на МФС и
националните
етички барања.
24.
Писмената
конфирмација
може да биде
во хартиена
или во
електронска
форма. Со
добивање на конфирмација
и преземање
на соодветно
дејствие по
информација
која укажува
на
непридржување,
фирмата ја
демонстрира
важноста
која и ја придава
на
независноста
и го прави
прашањето актуелно
и впечатливо
за нејзиниот
персонал.
25. Кодексот
на МФС ја разгледува
фамилијарноста
како закана
која може да
настане со
користење на
ист поискусен
персонал на
ангажман за
уверување во
текот на
подолг
временски
период и заштитата
која може да
биде
соодветна за
справување
со таквата закана.
Според тоа,
фирмата
треба да
воспостави
политики и постапки:
(а)
Кои ги
поставуваат
критериумите
за
утврдување
на потребата од
заштита за да
се намали заканата
од фамилијарност
на
прифатливо
ниво кога се
користи ист поискусен
персонал на
ангажман за
уверување во
текот на
подолг
временски
период; и
(б)
За
сите ревизии
на
финансиски
извештаи на ентитети
кои котираат
на берза, да се
бара
ротација на партнерот
на ангажманот
после
определен
период во
согласност
со Кодексот на
МФС и
националните
етички
барања кои се
порестриктивни.
26.
Користење
на ист
поискусен персонал
на ангажмани
за уверување
во текот на
пролонгиран
период може
да создаде закана
од фамилијарност
или на друг
начин да се
намали
квалитетот
во извршувањето
на
ангажманот.
Затоа,
фирмата
воспоставува
критериуми за
утврдување
на потребата
од заштита за
да се справи
со оваа закана.
При
утврдувањето
на соодветни
критериуми,
фирмата
разгледува
прашања како
што се (а)
природата на
ангажманот,
вклучувајќи
го и степенот
до кој тој повлекува
прашања од
јавен
интерес и (б)
должината на
услугата на
поискусниот
персонал на
ангажманот.
Примери на
заштита
вклучуваат
ротирање на
поискусниот
персонал или
барање за проверка
на
контролата
на квалитетот
на ангажманот.
27.
Кодексот
на МФС
признава
дека заканата
од фамилијарност
е особено
релевантна
во
контекстот
на ревизии на
финансиски
извештаи на
ентитетите
кои котираат
на берза. За
тие ревизии Кодексот
на МФС бара
ротирање на
партнерот на
ангажманот
после
однапред
определен
период, вообичаено
не подолг од
седум години,
и обезбедува
соодветни стандарди
и упатство.
Националните
барања може
да
определуваат
пократки
периоди на
ротација.
Прифаќање и
продолжување
на односи со
клиентот и
специфични
ангажмани
28. Фирмата
треба да
воспостави
политики и постапки
за прифаќање
и продолжување
на односи со
клиентот и
специфични
ангажмани,
обликувани
да обезбедуваат
разумно
уверување
дека фирмата
ќе преземе
или продолжи
само односи и
ангажмани за
кои таа:
(а)
Го
разгледала
интегритетот
на клиентот и
не постои
информација
која би водела
кон заклучок дека
на клиентот
му
недостасува
интегритет;
(б)
Е
компетентна
да го врши
ангажманот и
има
способност,
време и
ресурси да го
направи тоа;
и
(в)
Може
да се придржува
кон етичките
барања.
Фирмата
треба да прибавува
такви информации
колку што
смета дека е
неопходно во
околностите
пред
прифаќање на
ангажман со
нов клиент,
кога
одлучува
дали да продолжи
некој постоен
ангажман и
кога се
разгледува
прифаќање на
нов ангажман
со постоен
клиент. Таму
каде биле
идентификувани
проблеми и
фирмата
одлучила да прифати
или продолжи однос
со клиентот
или
специфичен
ангажман, таа
треба да
документира
како биле
разрешени
прашањата.
29.
Во
поглед на
интегритетот
на клиентот,
прашањата
кои фирмата
ги
разгледува
вклучуваат,
на пример:
Степенот
на знаењето
кое фирамата
ќе го има во
поглед на
интегритетот
на клиентот вообичаено
ќе расте во рамките
на тековниот
однос со тој
клиент.
30.
Информации
кои ги добива
фирмата по
такви
прашања може
да доаѓаат
од, на пример:
·
Комуникација
со сегашни
или претходни
обезбедувачи
на
професионални
сметководствени
услуги на
клиентот во
согласност
со Кодексот
на МФС и
разговори со
трети
странки.
·
Распрашување
на друг
персонал на
фирмата или
трети
странки како
што се
банкари,
правни советници
и колеги од
дејноста.
·
Пребарување
на
релевантни
бази на
податоци.
31.
При
разгледување
дали фирмата
има способност,
компетентност,
време и
ресурси да
преземе нов
ангажман од
нов или постоен
клиент,
фирмата ги
проверува
специфичните
барања на
ангажманот и
постојниот
партнер и
профилот на
персоналот
на сите
релевантни
нивоа.
Прашањата
кои фирмата
ги
разгледува
вклучуваат
дали:
·
Има
експерти на
располагање,
доколку е
потребно;
·
Поединци
кои ги
исполнуваат
критериумите
и барањата за
квалификуваност
да вршат
проверка на
контролата
на квалитетот
на ангажманот
се на
располагање,
каде што е
применливо; и
·
Фирмата
е способна да
го
комплетира
ангажманот
во рамките на
крајниот рок
за
известување.
32.
Фирмата
исто така
разгледува
дали прифаќање
на ангажман
од нов или
постоен
клиент може
да
предизвика
фактички или потенцијален
конфликт на
интереси.
Таму каде што
е
идентификуван
потенцијален
конфликт, фирмата
разгледува
дали е
соодветно да го
прифати
ангажманот.
33.
Одлучувањето
дали да се
продолжи односот
со клиентот
вклучува
разгледување
на значајни
прашања кои
произлегле
за време на
тековниот
или претходни
ангажмани и
нивните
импликации
за
продолжувањето
на односот. На
пример,
клиентот
може да
почнал да го
проширува своето
деловно работење
во област
каде фирмата
не го
поседува
неопходното
знаење или
стручност.
34.
Кога
фирмата добива
информации
кои информации
доколку биле
на
располагање
порано би довеле
до тоа да го одбие
ангажманот,
политиките и постапките
за
продолжување
на ангажманот
и односот со
клиентот,
треба да
вклучуваат
разгледување
на:
(а)
Професионалните
и законските
одговорности
кои се
применуваат во
околностите,
вклучувајќи
дали постои
барање фирмата
да го известува
лицето или
лицата кои го
направиле
назначувањето
или во некои
случаи,
регулаторните
власти; и
(б)
Можноста
за
повлекување
од ангажманот
или и од
ангажманот и од
односот со
клиентот.
35.
Политиките
и постапките
за
повлекување
од ангажманот
или и од ангажманот
и од односот
со клиентот, разгледуваат
прашања кои
го
вклучуваат
следново:
·
Разговор
со соодветното
ниво на
менаџментот
на клиентот и
оние кои се
одговорни за
негово
управување, за
соодветното
дејствие кое
фирмата може
да го преземе
врз основа на
релевантните
факти и
околности.
·
Доколку
фирмата
утврди дека е
соодветно да
се повлече,
да се
разговара со
соодветното
ниво на
менаџментот
на клиентот и
оние кои се
одговорни за
негово
управување,
за повлекувањето
од
ангажманот или
и од
ангажманот и
од односот со
клиентот и
причините за
повлекувањето.
·
Да се
земе предвид
дали постои
професионално,
регулаторно
или законско барање
фирмата да
остане или
фирмата да ги
извести
регулаторните
власти за
повлекувањето
од ангажманот
или и од
ангажманот и од
односот со
клиентот, заедно
со причините
за
повлекувањето.
Човечки
ресурси
36.
Фирмата
треба да
воспостави
политики и постапки
дизајнирни
за да и
овозможат
разумно
уверување
дека таа има
достатно
персонал со
способност, компетентност
и
посветеност
на етичките
принципи
неопходни за
извршување
на нејзините
ангажмани во
согласност
со
професионалните
стандарди и
регулаторните
и законските
барања, и да и
овозможи на
фирмата или
партнерите
на ангажманите
да издаваат
извештаи кои
се соодветни
во
околностите.
37.
Таквите
политики и постапки
упатуваат на
следните
прашања
поврзани со
персоналот:
(а) Регрутирање;
(б) Оценка на работењето;
(в) Способности;
(г) Компетентност;
(д) Развој во кариерата;
(ѓ) Унапредување;
(е) Надоместок; и
(ж) Проценка на потребите на персоналот.
Разгледувањето на овие прашања и овозможува на фирмата да го утврди бројот и карактеристиките на поединци кои се бараат за ангажманите на фирмата. Процесот на регрутирање во фирмата вклучува постапки кои и помагаат на фирмата да избере поединци со интегритет и со капацитет да развијат способности и компетентност коишто се неопходни за извршување на работата на фирмата.
38.
Способностите
и компетентноста
се развиваат
преку
различни
методи
вклучувајќи
го следново:
·
Професионално
обрзование.
·
Континуиран
професионален
развој,
вклучувајќи
обука.
·
Работно
искуство.
39.
Постојаната
компетентност
на
персоналот
на фирмата
зависи во
значајна
мера од
соодветното
ниво на
континуиран
професионален
развој за
персоналот да
го одржува нивното
знаење и
способности. Затоа
фирмата во
нејзините
политики и постапки
ја нагласува потребата
за
континуирана
обука на сите
нивоа на
персонал на
фирмата и ги
обезбедува
неопходните
ресурси за
обука и помош
за да му
овозможи на
персоналот
да ги развива
и одржува
бараните
способности
и компетентност.
Кога нема на
располагање
интерни
технички и
ресурси за
обука, или
заради било
која друга
причина,
фирмата може
да користи погодно
квалификувано
надворешно
лице за таа
цел.
40. Постапките
на фирмата за
оценка на работењето,
за
надоместок и унапредување
даваат должно
признание и
награда за
развојот и
одржувањето
на компетентноста
и
посветеноста
на етичките
принципи. Поконкретно,
фирмата:
(а) Го прави персоналот свесен за очекувањата на фирмата, во поглед на работењето и етичките принципи;
(б) Му обезбедува на персоналот оценка на, и советување за работењето, напредокот и развојот во кариерата; и
(в) Му помага на персоналот да разбере дека унапредување на позиции со поголема одговорност зависи, покрај другото, од квалитетот на работењето и придржувањето кон етичките принципи и дека непридржувањето кон политиките и постапките на фирмата може да резултира во дисциплинска мерка;
41.
Големината
и
околностите
на фирмата ќе
влијаат на структурата
на процесот
на оценување
на работењето
на фирмата. Помалите
фирми,
посебно, да
употребуваат
понеформални
методи на
оценка на работењето
на нивниот
персонал.
Назначување
на тимови на
ангажманот
42.
Фирмата
треба да
додели
одговорност
за секој ангажман
на партнерот
на ангажманот.
Фирмата
треба да
воспостави
политики и постапки
со кои се
бара да:
(а)
Се
соопшти
идентитетот
и улогата на
партнерот на
ангажманот
на клучните
членови на
менаџментот
на клиентот и
тие кои се
одговорни за
негово
управување;
(б)
Партнерот
на ангажман
ги има соодветните
способности, компетентност,
овластување
и време за
извршување
на улогата; и
(в)
Одговорностите
на партнерот
на ангажманот
се јасно
дефинирани и
соопштени на
тој партнер;
43.
Политиките
и постапките
вклучуваат
системи на
следење на работната
норма и
расположивоста
на партнерите
на ангажманот,
за да им се
овозможи на овие
поединци да
имаат
достатно
време за
соодветно да
ги исполнат
своите
одговорности.
44.
Фирмата
треба исто
така да
назначува
соодветен
персонал со
неопходните
способности, компетентност
и време за
вршење на
ангажмани во
согласност
со професионалните
стандарди и
регулаторните
и законските
барања, и да и
овозможи на
фирмата или
партнерите
на ангажманот
да издадат
извештаи кои
се соодветни
во
околностите.
45.
Фирмата
воспоставува
постапки за
проценка на
способностите
и компетентноста
на нејзиниот
персонал.
Способностите
и компетентноста
се
разгледуваат
кога се
назначуваат
тимови на
ангажманот и при
определувањето
на
потребното
ниво на
надзор,
вклучувајќи
го следново:
·
Разбирање
на и
практично
искуство со
ангажмани од
слична
природа и
сложеност
преку соодветна
обука и
учество.
·
Разбирање
на
професионалните
стандарди и
регулаторните
и законските
барања.
·
Соодветно
техничко
знаење,
вклучувајќи
познавање на
релевантна
информациона
технологија.
·
Познавање
на
релевантните
дејности во
кои работат
клиентите.
·
Способност
да применува
професионално
расудување.
·
Разбирање
на
политиките и постапките
на фирмата за
контрола на
квалитетот.
Извршување
на ангажманот
46.
Фирмата
треба да
воспостави
политики и постапки
дизајнирани
да
обезбедуваат
разумно
уверување
дека ангажманите
се извршени
во
согласност
со професионалните
стандарди и
регулаторните
и законските
барања и дека
фирмата или
партнерот на
ангажманот издаваат
извештаи кои
се соодветни
во
околностите.
47.
Фирмата
преку
нејзините
политики и постапки
настојува да воспостави
конзистентност
во
квалитетот на
извршување
на ангажманот.
Ова често се
постигнува
преку пишани
или електронски
прирачници,
софтверски
алатки или
други форми
на
стандардизирана
документација
и упатства за
дејноста или
за специфични
предметни
прашања. Разгледаните
прашања го
вклучуваат
следново:
·
Соодветна
документација
за
извршената
работа и
временскиот
распоред и
обемот на
проверката.
48.
Важно е
сите членови
на тимот на
ангажманот да
ги разбираат
целите на
работата
која тие треба
да ја
извршат. Соодветна
тимска
работа и
обука се
неопходни за
да им се
помогне на понеискусните
членови на
тимот на
ангажманот
јасно да ги разбираат
целите на
доделената
работа.
49.
Надзорот
го вклучува
следново:
·
Следење како
напредува
ангажманот.
·
Разгледување
на
способностите
и компетентноста
на поедини
членови на
тимот на
ангажманот, дали
тие имаат доволно
време да ја
спроведуваат
својата
работа, дали ги
разбираат
нивните
инструкции и
дали работата
е извршена во
согласност
со
планираниот
пристап кон
ангажманот.
·
Разгледување
на значајни
прашања кои
произлегуваат
во текот на ангажманот,
разгледувајќи
го нивното
значење и соодветно
модифицрање на
планираниот
пристап.
·
Идентификување
на прашања за
консултација
или
разгледување
од
поискусните
членови на
тимот на ангажманот
во текот на
ангажманот.
50.
Одговорностите
за проверка
се утврдуваат
врз основа
според која
поискусните
членови на
тимот,
вклучувајќи
го партнерот
на ангажманот,
ја проверуваат
работата
извршена од
понеискусните
членови на
тимот.
Проверувачите
разгледуваат
дали:
(а) Работата била извршена во согласност со професионални стандарди и регулаторни и законски барања;
(б) Значајни прашања биле покренати за понатамошно разгледување;
(в) Биле направени соодветни консултации и дали заклучоците како резултат на тоа биле документирани и имплементирани;
(г) Постои потреба да се ревидира природата, временскиот распоред и обемот на извршената работа;
(д) Извршената работа ги поддржува постигнатите заклучоци и е соодветно документирана;
(ѓ) Прибавените докази се достатни и соодветни за да се поткрепи извештајот; и
(е) Целите на постапките на ангажманот се постигнати.
Консултација
51.
Фирмата
треба да
воспостави
политики и постапки
дизајнирани
да
обезбедуваат
разумно
уверување
дека:
(а)
Била
направена
соодветна
консултација
за тешки или спорни
прашања;
(б)
Има
на
располагање
доволно
ресурси со
кои се
овозможува
да се направи
соодветна
консултација;
(в)
Природата
и делокругот
на таквите
консултации се
документирани;
и
(г)
Заклучоците
како
резултат на
консултациите
се
документирани
и
имплементирани.
52.
Консултацијата
вклучува
дискусија, на
соодветно професионално
ниво, со
поединци во
рамките на
фирмата или
надвор од неа
кои имаат
специјализирана
стручност да решаваат
тешко или спорно
прашање.
53.
Консултацијата
користи
соодветни
ресурси за
истражување како
и заедничкото
искуство и
техничката
стручност на
фирмата.
Консултацијата
помага да се
промовира квалитет
и да се подобри
примената на
професионалното
расудување.
Фирмата
настојува да
воспостави
култура во
која
консултацијата
се признава
како силна
страна и го
охрабрува
персоналот
да се консултира
за тешки и спорни
прашања.
54.
Ефективна
консултација
со други
професионалци
бара да на тие
кои се
консултирани
им бидат
дадени сите
релевантни
факти кои ќе им
овозможат да дадат
информирани
совети за
технички,
етички или
други
прашања. Постапките
за
консултација
бараат
консултација
со тие кои
имаат
соодветно
знаење, сениорност
и искуство во
рамките на
фирмата (или
каде што е
применливо,
надвор од
фирмата) за значајни
технички,
етички или
други прашања
и соодветно
документирање
и
имплементација
на заклучоците
како
резултат на
консултациите.
55.
Фирмата
која има
потреба да се
консултира екстерно,
на пример,
фирма без
соодветни внатрешни
ресурси, може
да користи
советодавни
услуги
обезбедени од
(а) други
фирми, (б)
професионални
и регулаторни
тела, или (в)
комерцијални
организации
кои обезбедуваат
релевантни
услуги на
контрола на
квалитетот.
Пред да се
договорат
такви услуги,
фирмата разгледува
дали надворешниот
обезбедувач
е соодветно
квалификуван
за таа цел.
56.
Документацијата
за консултации
со други
професионалци
кои
вклучуваат
тешки или
спорни
прашања е
договорена
од двете
страни, од
поединецот
кој бара
консултација
и консултираниот
поединец.
Документацијата
е достатно
комплетна и детална
за да
овозможи
разбирање на:
(а) Прашањето за кое била побарана консултација; и
(б) Резултатите од консултацијата, вклучувајќи какви било преземени одлуки, основата за тие одлуки и како истите биле имплементирани;
Разлики
во мислење
57. Фирмата
треба да
воспостави
политики и постапки
за
справување
со и решавање
на разлики во
мислење во
рамките на
тимот на
ангажманот,
со оние кои
се
консултирани
и, каде што е
применливо,
помеѓу
партнерот на
ангажманот и
проверувачот
на
контролата
на квалитетот
на ангажманот.
Постигнатите
заклучоци
треба да
бидат документирани
и имплементирани.
58. Таквите постапки
потикнуваат
идентификување
на разлики во
мислење во
рана фаза,
обезбедуваат
јасни
упатства во
врска со
последователните
чекори кои ќе
треба да се
преземат и
бараат
документирање
на решението
за разликите и
на имплементацијата
на
постигнатите
заклучоци. Извештајот
не треба да
биде издаден
се додека не
се реши
прашањето.
59. Фирма која
користи соодветно
квалификувано
надворешно
лице за извршување
на проверката
на контролата
на квалитетот
на ангажманот,
признава
дека може да
се појават разлики
во мислење и
воспоставува
постапки за разрешување
на тие
разлики, на
пример, преку
консултирање
со друг
практичар
или фирма,
или
професионално
или
регулаторно
тело.
Проверка на
контролата
на квалитетот
на ангажманот
60. Фирмата
треба да
воспостави
политики и постапки
кои бараат,
за соодветни
ангажмани,
проверка на
контролата
на квалитетот
на ангажманот
која
обезбедува
објективно
оценување на
значајните
расудувања
кои што ги
направил
тимот на
ангажманот и
постигнатите
заклучоци при
формулирањето
на
извештајот.
Таквите
политики и постапки
треба да:
(а) Бараат
проверка на
контролата
на квалитетот
на ангажманот
за сите
ревизии на
финансиски
извештаи на ентитети
кои котираат
на берза;
(б) Воспоставуваат
критериуми
според кои
сите други
ревизии и
проверки на
историски
финансиски
информации и
други
ангажмани за
уверување и
поврзани
услуги треба
да бидат
оценети за да
се утврди
дали треба да
биде
извршена
проверка на
контролата
на квалитетот
на ангажманот;
и
(в) Бараат
проверка на
контролата
на квалитетот
на ангажманот
за сите
ангажмани
кои ги
исполнуваат
критериумите
воспоставени
согласно
подточка (б).
61.
Политиките
и постапките
на фирмата
треба да
бараат
комплетирање
на проверката
на контролата
на квалитетот
на ангажман
пред да биде
издаден
извештајот.
62.
Критериуми
кои фирмата
ги
разгледува
кога
утврдува кои
ангажмани,
покрај
ревизии на
финансиски
извештаи на ентитети
кои котираат
на берза,
треба да
бидат
предмет на
проверка на
контролата
на квалитетот
на ангажманот
го
вклучуваат
следново:
·
Природата
на
ангажманот
вклучувајќи
го степенот
до кој тој
вклучува
прашање од
јавен
интерес;
·
Идентификација
на
невообичаени
околности
или ризици во
ангажман или
група на ангажмани;
·
Дали
законите или
прописите
бараат проверка
на контролата
на квалитетот
на ангажманот.
63.
Фирмата
треба да
воспостави политики
и постапки
кои ги поставуваат:
(а)
Природата,
временскиот
распоред и
обемот на проверката
на контролата
на квалитетот
на ангажманот;
(б)
Критериуми
за квалификуваност
на
проверувачите
на контролата
на квалитетот
на ангажманот;
и
(в)
Барања
за документирање
на проверката
на контролата
на квалитетот
на ангажманот.
Природа,
временски
распоред и обем
на проверката
на контролата
на квалитетот
на ангажманот
64.
Проверката
на контролата
на квалитетот
на ангажманот
вообичаено
вклучува
дискусија со
партнерот на
ангажманот,
проверка на
финансиските
извештаи или
други
информации за
предметни
прашања и
извештајот, и
посебно,
разгледување
дали
извештајот е
соодветен. Таа,
исто така,
вклучува
проверка на
избрани
работни документи
кои се
однесуваат
на
значајните расудувања
кои ги
направил
тимот на
ангажман и
заклучоците
кои тие ги
постигнале.
Обемот на
проверката
зависи од
сложеноста
на ангажманот
и ризикот
дека
извештајот
може да не биде
соодветен во
околностите.
Проверката
не ги
намалува
одговорностите
на партнерот
на ангажманот.
65.
Проверката
на контролата
на квалитетот
на ангажманот
за ревизија
на
финансиски
извештаи
вклучува
разгледување
на следново:
·
Оценката
на тимот на
ангажманот
за независноста
на фирмата во
однос на
специфичниот
ангажман.
·
Значајни
ризици идентификувани
во текот на
ангажманот и
како е
одговорено
на тие
ризици.
·
Направените
расудувања,
посебно во
однос на
материјалноста
и значајните
ризици.
·
Дали се
случиле
соодветни
консултации
за прашања
кои
вклучуваат
разлики во
мислење или
други тешки
или спорни
прашања и
заклучоците
кои
произлегеле
од тие
консултации.
·
Значајноста
и карактерот на
корегираните
и
некорегираните
погрешни
прикажувања
идентификувани
во текот на
ангажманот.
·
Прашања
кои треба да
му бидат
соопштени на менаџментот
и на оние кои
се одговорни
за
управување и,
каде што е
применливо, на
други
странки како
што се
регулаторните
тела.
·
Дали
работните
документи
избрани за
проверка ја
рефлектираат
извршената
работа во
поглед на
значајните
расудувања и ги
поддржуваат
постигнатите
заклучоци.
·
Соодветноста
на
извештајот
кој треба да
биде издаден.
Проверките
на
контролата
на
квалитетот на
ангажмани
кои не се
ревизија на
финансиски
извештаи на
ентитети кои
котираат на
берза може,
во зависност
од
околностите,
да вклучуваат
некои или
сите од тие
разгледувања.
66.
Проверувачот
на контролата
на квалитетот
на ангажманот
ја извршува
проверката
на навремена
основа во
соодветни
фази во текот
на
ангажманот
за значајните
прашања да може
веднаш да
бидат разрешени
на
задоволство
на
проверувачот
пред да се
издаде извештајот.
67.
Кога
проверувачот
на контролата
на квалитетот
на ангажманот
дава
препораки
кои
партнерот на
ангажманот
не ги прифаќа
и прашањето
не е разрешено
на
задоволство
на
проверувачот,
извештајот
не се издава
се додека
прашањето не
се разреши следејќи
ги постапките
на фирмата за
справување
со разлики во
мислење.
Критериуми
за квалификуваност
на
проверувачите
на контролата
на квалитетот
на ангажманот
68.
Политиките
и постапките
на фирмата
треба да го
разгледуваат
назначувањето
на
проверувачи
на контролата
на квалитетот
на ангажманот
и да ја утврдат
нивната квалификуваност
преку:
(а)
Техничките
квалификации
кои се бараат
за извршување
на улогата,
вклучувајќи
го неопходното
искуство и
овластување;
и
(б)
Степенот
до кој
проверувачот
на контролата
на квалитетот
на ангажманот
би можел да
биде
консултиран
за ангажманот
без да се
компромитира
објективноста
на проверувачот.
69.
Политиките
и постапките
на фирмата за
техничките
квалификации
на
проверувачите
на контролата
на квалитетот
на ангажманот,
ги
разгледуваат
техничката
стручност,
искуството и
овластувањето
коишто се
неопходни за
да се изврши
улогата. Од
околностите
на
ангажманот
ќе зависи што
се
подразбира
под достатно
соодветна
техничка
стручност, искуство
и
овластување.
Покрај тоа,
проверувачот
на контролата
на квалитетот
на ангажманот
за ревизија
на
финансиски
извештаи на
ентитет кој
котира на
берза е
поединец со
достатно и соодветно
искуство и
овластување
да дејствува
како партнер
на ангажман на
ревизии на
финансиски
извештаи на
ентитети кои
котираат на
берза.
70. Политиките
и постапките
на фирмата се
дизајнирани
да ја
одржуваат
објективноста
на проверувачот
на контролата
на квалитетот
на ангажманот.
На пример,
проверувачот
на контролата
на квалитетот:
(а) Не е избран од партнерот на ангажманот;
(б) Не учествува на друг начин во ангажманот во текот на проверката;
(в) Не донесува одлуки за тимот на ангажманот; и
(г) Не е предмет на други разгледувања кои би ја загрозувале објективноста на проверувачот.
71.
Партнерот
на ангажманот
може да го
консултира
проверувачот
на контролата
на квалитетот
на ангажманот
за време на
ангажманот.
Таквата
консултација
не мора да ја компромитира
квалификуваноста
на
проверувачот
на контролата
на квалитетот
на ангажманот
да ја изврши улогата.
Меѓутоа, кога
природата и
обемот на
консултациите
ќе станат
значајни,
тимот на ангажманот
и
проверувачот
водат сметка
да се одржи
објективноста
на
проверувачот.
Кога ова не е
можно, се
назначува друг
поединец во
рамките на
фирмата или соодветно
квалификувано
надворешно
лице да ја
преземат
улогата или
на
проверувач
на контролата
на квалитетот
на ангажманот
или на лицето
кое ќе биде
консултирано
во врска со ангажманот.
Политиките
на фирмата дозволуваат
замена на
проверувачот
на контролата
на квалитетот
на ангажманот
онаму каде што
способноста
за вршење на
објективна проверка
може да биде
намалена.
72.
Со
соодветно
квалификувани
надворешни
лица може да се
склучи
договор кога самостојни
практичари
или мали
фирми
идентификуваат
ангажмани
кои бараат
проверки на
контролата
на квалитетот
на ангажманот.
Алтернативно,
некои
самостојни
практичари
или мали
фирми може да
сакаат да
користат други
фирми за да
се олеснат
проверките
на контролата
на квалитетот
на ангажманот.
Кога фирмата
склучува
договор со соодветно
квалификувани
надворешни
лица, фирмата
ги следи
барањата и
упатството
во точките 68 - 71.
Документирање
на проверка
на контролата
на квалитетот
на ангажманот
73. Политиките
и постапките
за документирање
на проверка
на контролата
на квалитетот
на ангажманот
треба да
бараат документирање
дека:
(а)
Постапките
кои се бараат
со политиките
на фирмата за
проверка на
контролата
на квалитетот
на ангажманот
биле
извршени;
(б)
Проверката
на контролата
на квалитетот
на ангажманот
била
комплетирана
пред да биде
издаден извештајот;
и
(в)
Проверувачот
не е свесен
за какви било
неразрешени
прашања кои
би довеле до
тоа да проверувачот
верува дека
значајните
расудувања
кои ги
направил
тимот на
ангажманот и заклучоците
кои тие ги постигнале
не биле
соодветни.
Следење
74.
Фирмата
треба да
воспостави
политики и постапки
дизајнирани
да
обезбедуваат
разумно
уверување
дека политиките
и постапките
кои се
однесуваат на
системот на
контрола на
квалитет се
релевантни,
адекватни,
дејствуваат
ефективно и се
усогласени во
практиката.
Таквите
политики и постапки
треба да
вклучуваат
постојано
разгледување
и оценка на
системот за контрола
на квалитет во
фирмата,
вклучувајќи
периодична
инспекција
на избрани
комплетирани
ангажмани.
75.
Целта
на следењето
на усогласеноста
со
политиките и постапките
за контрола
на квалитетот
е да обезбеди
оценка:
(а)
На
усогласеноста
со
професионалните
стандарди и законските
и
регулаторните
барања;
(б) Дали
системот на
контрола на
квалитет бил
соодветно дизајниран
и ефективно
имплементиран;
и
(в)
Дали
политиките и постапките
на фирмата за
контрола на
квалитетот биле
соодветно
применети за
да
извештаите
кои ги издала
фирмата или партнерите
на ангажманот
бидат
соодветни во
околностите.
76.
Фирмата
ја доверува
одговорноста
за процесот
на следење,
на партнер
или партнери
или на други
лица со достатно
и соодветно
искуство и
овластување
во фирмата да
ја преземат
таа
одговорност.
Следењето на
системот на
контрола на
квалитетот во
фирмата се
врши од
страна на
компетентни
поединци и ги
опфаќа
соодветноста
на дизајнот и
ефективноста
во функционирањето
на системот
на контрола
на квалитетот.
77.
Постојаното
разгледување
и оценка на
системот на
контрола на
квалитетот
вклучува
прашања како
што се
следниве:
·
Анализа
на:
o
Нови
случувања во
професионалните
стандарди и регулаторните
и законските
барања, и
како тие се
рефлектираат
на
политиките и постапките
на фирмата
каде што е
соодветно;
o
Писмена
конфирмација
за
придржување
кон
политиките и постапките
за
независност;
o
Континуиран
професионален
развој,
вклучувајќи
обука; и
o
Одлуки
кои се
однесуваат
на прифаќање
и продолжување
на односи со
клиентот и
специфични
ангажмани.
·
Определување
на корективни
дејствија
кои треба да
се
преземат и
подобрувања
кои треба да
се направат
во системот,
вклучувајќи
и нивно
рефлектирање
во
политиките и постапките
на фирмата
кои се
однесуваат
на образование
и обука.
·
Информирање
на соодветниот
персонал во
фирмата за
идентификуваните
слабости во
системот, во
нивото на
разбирање на
системот или во
придржувањето
кон истиот.
·
Последователно
следење од
страна на
соодветен
персонал на
фирмата за да
веднаш се направат
неопходните
модификации
во
политиките и постапките
за контрола
на квалитетот.
78.
Инспекцијата
на избрани
комплетирани
ангажмани вообичаено
се изршува на
циклична
основа.
Избраните
ангажмани за
инспекција
вклучуваат
најмалку
еден
ангажман за
секој партнер
на ангажманот
за време на
циклусот на
инспекција
кој вообичаено
трае не подолго
од три
години.
Начинот на
кој циклусот
на
инспекција е
организиран,
вклучувајќи
го и временскиот
распоред на
изборот на
поединечни
ангажмани,
зависи од
многу фактори,
вклучувајќи
ги следните:
·
Големината
на фирмата.
·
Бројот
и
географската
локација на
канцелариите.
·
Резултатите
од претходните
постапки на
следење.
·
Степенот
на
овластување
кој го имаат
персоналот и
канцелариите
(на пример
дали
поединечни
канцеларии
се овластени
да
спроведуваат
нивни
сопствени
инспекции или
дали само
главната
канцеларија
може нив да ги
спроведува).
·
Природата
и сложеноста
на практиката
и
организацијата
на фирмата.
·
Ризиците
поврзани со
клиентите на
фирмата и
специфичните
ангажмани.
79.
Процесот
на
инспекција
вклучува
избор на поединечни
ангажмани, од
кои некои
може да бидат
избрани без
предходно
известување
на тимот на
ангажманот. Оние
кои ја вршат
инспекцијата
на ангажманите
не се вклучени
во
извршување
на ангажманот
или во
проверката
на контролата
на квалитетот
на ангажманот.
При
утврдувањето
на делокругот
на
инспекциите,
фирмата може
да го земе
предвид
делокругот
или
заклучоците
на независна
надворешна
програма за
инспекција.
Сепак, независна
надворешна
програма за
инспекција
не дејствува
како замена
за сопствената
интерна
програма на
фирмата за
следење.
80.
Мали
фирми и
самостојни
практичари
може ќе
сакаат да
користат соодветно
квалификувано
надворешно
лице или
друга фирма
да спроведува
инспекција
на ангажмани и
други
постапки на
следење. Алтернативно,
тие може да
сакаат да
воспостават
аранжмани за
делење на
ресурсите со
други
соодветни
организации
за да се олеснат
активностите
на следењето.
81.
Фирмата
треба да го
оцени
ефектот на недостатоците
забележани
како
резултат на
процесот на следење
и треба да
утврди дали тие
се:
(а) Случаи кои не
мора да
укажуваат на
тоа дека
системот на
контрола на
квалитетот во
фирмата е
недоволен да
и обезбеди
разумно уверување
дека таа се
придржува
кон професионалните
стандарди и
регулаторните
и законските
барања и дека
извештаите
издадени од
фирмата или
партнерите
на ангажманот
се соодветни
во
околностите;
или
(б)
Системски,
повторливи
или други
значајни недостатоци
кои бараат
брзо
корективно дејствие.
82.
Фирмата
треба да ги
информира
релевантните
партнери на
ангажманот и
другиот
соодветен
персонал за недостатоците
забележани
како
резултат на
процесот на следење
и за препораките
за соодветно поправно
дејствие.
83.
Оценката на
фирмата за
секој вид на недостаток
треба да
резултира во
препораки за
едно или
повеќе од
следните:
(а)
Да се
преземе
соодветно поправно
дејствие за
поединечен
ангажман или
член на
персоналот;
(б)
Соопштување
на наодите на
оние кои
се одговорни за
обука и
професионален
развој;
(в)
Промени во
политиките и постапките
за контрола
на квалитетот;
и
(г)
Дисциплински
мерки за оние
кои не се придржувале
кон
политиките и постапките
на фирмата,
посебно за оние
кои тоа го
повторуваат.
84.
Кога
резултатите
од постапките
на следењето
укажуваат
дека
извештајот
може да не е
соодветен
или дека биле
пропуштени постапки
во текот на
извршувањето
на
ангажманот,
фирмата
треба да
утврди кое
понатамошно
дејствие е
соодветно за
да се придржува
кон релевантните
професионални
стандарди и
регулаторни
и законски
барања. Таа
треба, исто
така, да земе
предвид и
обезбедување
на правен совет.
85.
Најмалку
еднаш годишно,
фирмата
треба да ги
соопштува
резултатите
од следењето
на системот
на контрола
на квалитет,
на
партнерите
на ангажманот
и други
соодветни
поединци во
рамките на фирмата,
вклучувајќи
го и главниот
извршен
директор на
фирмата или,
доколку е
соодветно,
нејзиниот
управен
одбор на
партнери.
Таквата
комуникација
треба да им
овозможи на
фирмата и на
овие
поединци да
преземат
брзо и
соодветно
дејствие
каде е
неопходно во
согласност
со нивните
дефинирани
улоги и
одговорности.
Информациите
кои се
соопштуваат
треба да го
вклучуваат
следново:
(а) Опис
на
извршените постапки
за следење;
(б) Извлечените
заклучоци од постапките
за следење;
(в)
Каде што
е релевантно,
опис на
системски,
повторливи
или други
значајни недостатоци
и на преземените
дејствија да
се разрешат
или дополнат
тие недостатоци.
86.
Известувањето
на поединци покрај
релевантните
партнери на
ангажманот за
идентификуваните
недостатоци вообичаено
не вклучува
идентификација
на специфичните
ангажмани за
кои станува
збор, освен
кога таква
идентификација
е неопходна
за правилно
исполнување
на
одговорностите
на
поединците
кои не се партнери
на ангажманот.
87.
Некои
фирми работат
како дел од мрежа
и заради
конзистентноста,
може да
имплементираат
некои или
сите од нивните
постапки на следење
на мрежна основа.
Кога фирмите
во рамките на
мрежата
работат под
заеднички
политики и постапки
на следење
коишто се дизајнирани
да се придржуваат
кон овој МСКК
и тие фирми
се потпираат
на таков
систем на
следење,
тогаш:
(а)
Најмалку
еднаш годишно,
мрежата го
соопштува
севкупниот
делокруг,
обемот и
резултатите
на процесот
на следење на
соодветни
поединци во
рамките на умрежените
фирми;
(б)
Мрежата
веднаш ги
соопштува
идентификуваните
недостатоци
во системот
на контрола
на квалитетот
на соодветни
поединци во
рамките на
релевантна умрежена
фирма или фирми
за да биде
преземено
неопходното
дејствие; и
(в)
Партнерите
на ангажманот
во умрежени
фирми имаат
право да се потпрат
на
резултатите
од процесот
на следење којшто
е имплементиран
во рамките на
мрежата, освен
ако фирмите
или мрежата не
советуваат
поинаку.
88.
Соодветната
документација
која се
однесува на
следењето:
(а) Ги воспоставува постапките на следење вклучувајќи ги постапките за избор на комплетираните ангажмани кои ќе бидат предмет на инспекција;
(б) Ја евидентира оценката:
i.
За
придржување кон
професионалните
стандарди и
регулаторните
и законските
барања;
ii.
Дали
системот на
контрола на
квалитетот
бил
соодветно дизајниран
и ефективно
имплементиран;
и
iii.
Дали
политиките и постапките
на фирмата за
контрола на
квалитетот
биле
соодветно
применувани,
така што извештаите
кои се
издадени од
фирмата или
партнерите
на ангажманот да
бидат соодветни
во
околностите;
и
(в) Ги идентификува забележаните недостатоци, го оценува нивниот ефект и ги поставува основите за утврдување дали и кое понатамошно дејствие е неопходно.
Поплаки
и обвинувања
89.
Фирмата
треба да воспостави
политики и постапки
дизајнирани
да
обезбедуваат
разумно
уверување
дека таа
соодветно се
справува со:
(а)
Поплаки
и обвинувања
дека работата
извршена од
страна на
фирмата не се
придржува
кон
професионалните
стандарди и
регулаторните
и законските
барања; и
(б)
Обвинувања
за
непридржување
кон системот
за контрола
на квалитет во
фирмата.
90.
Поплаките
и обвинувањата
(кои не ги
вклучуваат
оние кои се
јасно несериозни) може да
потекнуваат
од внатре или
надвор од фирмата.
Тие може да
бидат
направени од
персоналот на
фирмата,
клиенти или
трети
странки. Тие
може да бидат
примени од
членовите на
тимот на
ангажманот
или друг
персонал на
фирмата.
91.
Како
дел од овој
процес
фирмата
воспоставува
јасно
дефинирани
канали за
персоналот на
фирмата да искаже
каква било
загриженост
на начин кој му
овозможува
да истапи без
страв од
одмазда.
92.
Фирмата
ги истражува
таквите
поплаки и обвинувања
во
согласност
со
воспоставените
политики и постапки.
Истражувањето
го
надгледува
партнер со
достатно и
соодветно
искуство и
овластување
во рамките на
фирмата но
кој инаку не
е вклучен во
ангажманот и
вклучува
користење на
правен совет,
по потреба.
Мали фирми и
самостојни
практичари може
да ги
користат
услугите на погодно
квалификувано
надворешно
лице или
друга фирма
за
спроведување
на
истражувањето.
Поплаките, обвинувањата
и одговорите
на истите се
документираат.
93.
Кога
резултатите
на
истражувањето
укажуваат на недостатоци
во дизајнот
или
функционирањето
на политиките
и постапките
на фирмата за
контрола на
квалитетот
или
непридржување
кон системот на
контрола на
квалитетот во
фирмата од
страна на
поединец или
поединци, фирмата
презема соодветно
дејствие,
како што е дискутирано
во точка 83.
Документирање
94.
Фирмата
треба да
воспостави
политики и постапки
кои бараат соодветна
документација
за да се обезбедат
докази за функционирањето
на секој
елемент од
нејзиниот
систем на контрола
на квалитетот.
95.
Како
тие прашања
се
документираат
е одлука на
фирмата. На
пример,
големи фирми
може да
користат
електронска
база на
податоци за
документирање
на прашања
како што се конфирмации
за
независноста,
оценување на
извршувањето
и резултатите
од инспекциите
при
следењето.
Помали фирми
може да
користат
понеформални
методи како
што се
белешки,
листи за
проверка и формулари.
96.
Фактори
кои се земаат
предвид кога
се определува
формата и
содржината
на
документацијата
која го
докажува
функционирањето
на секој од
елементите
на системот
на контрола
на квалитетот
го вклучуваат
следново:
·
Големината
на фирмата и
бројот на
канцелариите.
·
Степенот
на
овластувањето
на
персоналот и
на
канцелариите.
97.
Фирмата
ја задржува
оваа
документација
во временски
период кој е
достатен да
им дозволи на
оние кои ги
спроведуваат
постапките
на следење да
го оценат
придржувањето
на фирмата
кон системот на
контрола на
квалитетот
или во подолг
период доколку
се бара со
закон или
пропис.
Датум
на стапување
во сила
98.
Системите
на контрола
на квалитетот
во
согласност
со овој МСКК
се бара да
бидат
воспоставени
до 15 јуни 2005
година. Фирмите
разгледуваат
соодветни преодни
аранжмани за
ангажмани кои
се во тек на
тој датум.
Перспектива
на јавниот
сектор
1. Некои од термините во МСКК како што се “партнер на ангажманот” и “фирма“ треба да се читаат како да се повикуваат на нивните еквиваленти во јавниот сектор. Сепак, со ограничени исклучоци, не постои еквивалент во јавниот сектор на “ентитети кои котираат на берза“ иако може да има ревизии на посебно значајни ентитети во јавниот сектор кои треба да бидат предмет на барањата за ентитет кој котира на берза, за задолжителна ротација на партнерот на ангажманот (или еквивалент) и за проверка на контролата на квалитетот на ангажманот. Не постојат фиксни објективни критериуми врз кои треба да почива ова определување на значајност. Сепак, таквата проценка треба да опфаќа оценка на сите фактори коишто се релевантни за ревидираниот ентитет. Таквите фактори вклучуваат големина, сложеност, комерцијален ризик, парламентарен или интерес на медиумите