Предлагам градоначалниците на градот Скопје да ги предложиме за светци. Така претходниот градоначалник да го предложиме за Св. Ристо плочкарот + , а сегашнниот градоначалник за Св. Трифун паметниот + , за да не се поистовeтат се веќе постојните светци . Ова пред се заради нивниот огромен придонес што граѓаните на Скопје станаа Св. 600.000 маченици, а за овој вториот (Паметниот) и заради тоа што, после секоја негова јавна изјава сите се крстиме. АМИН
Како и да не станеш маченик кога и покрај објективниот урбан хаос, нашиве светци дополнително ни го загорчуваат животот до небесни височини со тоа што ама баш ништо не направија да ги решат најгорчливите проблеми што со години се провлекуваат пред нивниот и нашиот нос.
Од каде да почнам? Ај од сообраќајот. Точно е дека во последните дваесет години Скопје можеби три пати се зголеми без соодветна изградба на нови сообраќајници. Но наместо да се направи нешто околу вертикалната и хоризонталната сигнализацијана, на нашиве свети градоначалници изгледа не им познато дека во светот постои „зелен бран“, па различен дневен режим на сообраќајот (еден кога се оди на работа , друг кога се браќа). Не мора да прават трошок и да ја проверат оваа информација. Доволно е да застанат пред Градското собрание и да видат дека на потегот од 500 метри на улицата Илинденска има 4 семафора и ако сте со лоша среќа, можно е сите четири да ги „фатите на црвено“ а ако сте со добра среќа пред еден семафор сигурно ќе чекате.
На светиве градоначалници не им смета што десетина ромчиња со нивните прљави запрежни коли, секојдневно малтретираат над 200,000 граѓани во централното градско подрачје.
Не им смета и што после секој дожд, улиците стануваат езера па во некој делови од Скопје се потребни и чамци за да граѓаните излезат од своите домови.
Обично снегот што ќе падне во декември ги изненадува, и сите со нетрпение го чекаме сонцето да ни ги расчисти улиците и тротоарите.
Немало пари и не било во нивна надлежност и немале најчесто се правдаат кандидативе за светци. Ако има пари и јас ќе се кандидирам за градоначалник. Работата е кога нема пари, да се изменаџира на најдобар начин , да се привлечат донации, евтини кредити, да се пронајдат и други извори на финансирање. А кога го избравме кандидат Св Трифун Паметниот за градоначалник, го избравме баш заради неговите менаџерски способности за кои претпроставувме дека ги има. Градот Кочани е најдобар пример за тоа. Градот има пари како и сите други градови во источна Македонија но убедливо е најчист и урбано нај среден.
И немањето надлежности не им држи. Граданачалникот треба да превземе се: ќе предлага нови одлуки и закони, ќе им „дише во врат“ на надлежните за да се реши секој проблем што го засега животот на граѓаните. Зато што секој странец кој ќе ги види запрежните коли во центарот на една метропола прво што ќе се запраша е: дали овој град има Градоначалник.