Што беше тоа правна држава? Во некои од последните броеви на „ДНЕВНИК“ трудовата инспекција се пофали дека затворила (“ставила кључ“) во неколку приватни фирми затоа што откриле непријавени работници. Беше дадена бројка од откриени 6 до некаде 8 работници. Што се тоа непријавени работници? Тоа се сите оние кои работат кај работодавачот, но бидејќи не се пријавени во Агенцијата за вработување, не им се плаќаат сите придонеси (ПИО, Здравство, вработување) , односно тие се вработени „на црно“. Ако е тоа така , а така е, тогаш, тогаш зошто трудовата инспекција не „стави кључ“ на сите клиники од Клиничкиот центар бидејќи и Министерот за здравство а и директорот на Клинички центар, јавно изјавија дека има повеќе медицински работници кои работат веќе подолго време на договор за дело (значи вработени „на црно“)?. Јавна тајна е дека сите нови вработени дипломирани економисти по банките се исто така вработени „на црно“, а не се знае бројот на вработените „на црно“ ни во владините институции!!!
Ние сме сите нервозни кога од евроатланските организации како папагали постојано ни налагаат: „владеење на правото“, „реформи во судството“, и да не се изненадиме ако добиеме негативна оцена за непочитување на тие папагалски совети. А тоа треба да биде во корист на граѓаните. Тука нема „љутиш“. Правото не треба да биде за едни мајка а за други маќеа.