|
простор за реклама |
 |
|
| |
 |
| Ревизија на евровизија |
|
дата
3/29/2007 6:45:32 AM
|
|
Знаете ли што е поповска демократија? Тоа е онаа демократија што западните “демократи“ од типот на Хавиер Солана..... |
|
|
Пишува: Љубица Јоанидис
Знаете ли што е поповска демократија? Тоа е онаа демократија што западните “демократи“ од типот на Хавиер Солана ни ја натураат веќе подолг период а чие што главно обележје е: “слушај што ти зборувам , не ме гледај што правам“ . Во Македонија со овие поповски демократи се расправаме од почетокот на осамостојувањето, а сега ваквата демократија има шанси да се наметне и во многу други полиња, каде што на поповските демократи нешто не им е по ќеф. Никому не му сметаше што четири земји директно влегуваат во финалето на изборот за песна на Евровизија, што е во спротивност на сите демократски и уставни принципи, нормално беше што 40 –ина години Шведска гласаше за Данска, Ирска за Англија, Данска Норвешка, Норвешка за Финска. Воопшто не е нормално Србија да гласа за Македонија, Македонија за Хрватска, Укранина за Русија, Русија за Белорусија. Тоа треба под хитно да се смени, бидејќи почнуваат да се загрозуваат интересите на демократската Европа. Баш ме интересира какви измени ќе предложат , а ништо не би ме чудело ако измените се од типот: победник да биде една од оние 4 демкратски земји , а за другите места кој сака нека гласа.
|
|
|
|
|