|
На нас се некој друг ни е виновен за направените грешки. Тоа што претседателот на државата се возел во неблиндирано возило е заради цената на блиндираните возила, Грција ни е дежурен виновник за се што не не ни оди во државата а сега чувме уште поголема глупост: канадерите за гаснењето на пожарите не се набавани заради тоа што пропаднал тендерот. Актуелните пожари се гасат со две хеликпотерчиња и со пожарникари наоружани со метли. А зошто не се повторил тендерот кога одлуката за набавката на канадерите е донесена уште минатата година, кога пола Македонија гореше. Па сигурно заради тоа што доцна го распишале, бидејќи, познавајќи го и стариот и новиот Закон за јавни набавки, за една година може најмалку 5 пати да се повтори еден ист тендер. Или заради еден пропуштен тендер годинава некој предизивал штета од над 100 мил. Евра. и мува не го лази. А што да кажеме за оној копук што донесе одлука да се укине забраната за движење по шумите, бидејќи немало опасност од пожари!!!
Уште малку не ни мораат да набавуваат противпожарни возила и авиони, бидејќи нема повеќе да има шумски пожари. Ќе нема што да гори.
|