slika
за нас  
контакт  
slika
објави оглас за работа  
регистрација на компанија  
slika
       списание
slika
       ревизорски куќи
       нудам работа
       вести
       прописи
простор за реклама
 

  
ЗА ПРИТВОРОТ И ОКОЛУ НЕГО
дата 8/25/2008 12:30:06 AM
Многу колумнисти, аналитичари, новинари, невладини организации, жестоко ја напаѓаат Владата на РМ за нејзинот пристап во борбата пртотив криминалот во МакедонијА ....

Пишува: Димитар Андоновски, овл. ревизор

 

 

 

Многу колумнисти, аналитичари, новинари ж, невладини организации, жестоко ја напаѓаат Владата на РМ за нејзинот пристап во борбата  пртотив криминалот во Македонија. Донекаде се и во право, но само донекаде, бидејќи забораваат дека Македонија беше, а и сеуште е рангирана во самиот врв на  земји каде што цвета организираниот криминал, шверцот со луѓе и дрога, перње пари и сл.Ваква состојба може да се промени само со радикални мерки а не со стандардни процедури кои се применуваат во демократските земји , каква што впрочем Македонија се стреми да биде.

Меѓутоа се има горна граница односно „тенка црвена линија“ која во никој случај не смее да се премине, бидејќи ќе се добие спротивен ефект од оној што сака се постигне. Лесното посегнување по притворот, со кој се посега по наважните демократски придобивки: слободата, е една од тие маргини.

Веќе подолго време сме  бомбардирани од медиумите со спектакуларни апсења и одредување мерката притвор за многу познати личности од најразлични области. Во 13 годишна пракса како професионален  судски вештак од економско финансиска област (во период од 1979 до 1992 год), сум бил вклучен во над 100 судски предмети во кои била одредена мерката притвор од најбаналните случаи до најпознатите афери од стопанскиот криминал. Општ впечаток што го стекнав во тој период, а тој впечаток сметам дека  воопшто не  е променет ни денес, дека во главите на луѓето од правосудната област е вграден чип со кои тие  притворот го разбираат  како еден вид казна за оној, против кој таква мерка била изречена и тоа во стилот „ ај нека си полежи малку во Шутка па да види како е“. Се заборава на фактот дека притвореното лице, според Уставот  на РМ, како граѓанин на Македонија  е невин се додека со прависилна пресуда не се прогласи за виновен. Овде не би ги вклучувал оние кривични дела против безбедноста на имот и луѓето туку ќе се задржам само дела од областа на стопанскиот криминал.

Зошто лицата обвинети за стопански криминал се притвараат и се држат толгу долго во притвор? Нема ниедно логично објаснување за тоа, кое би се заснивало на законските прописи. Најчести објаснувања се: да не влијае на сведоците, да не го повтори делото, да не се даде во бегство. Ај малку да ги анализираме овие работи. Да не влијае на сведоци !!!. Каков ли  е тој стопански криминал кој се заснива само на сведочења. Овој вид криминал би требало претежно да  произлегува од документација, која пак, во преткривичната (полициска) постапка треба да се обезбеди и аргументира. Малиот број сведоци може да се сослушаат во период од 3- 5 дена колку што би требало да изнесува и притворот. Впрочем  влијанието на сведоци е исто така  кривично дело, кое во денешниот развој на техниката многу лесно се докажува, што може да биде основ за проширување  и на обвинението.  Да не го повтори делото!!! Туку има една пардоксална ситуација. Оние за кои  се претпоставува дека ќе го повторат делото (џепчии, ограбувачи на станови, изнудувачи, рекетари) без некои поголеми потешкотии се пуштаат на слобода, веднаш по распитот во полициската станица ( за веќе следниот ден  да го повторат делото), а другите кои нема шанси истото да го повторат, се држат со месеци во притвор. Градоначалникот  Тодоровски е најсвеж пример за тоа, а случајот со Заев е типичен пример на „грешка во чекори“ или како што кажав погоре се применија контрапродуктивни мерки. Што ќе фалеше, по првичното сослушување да се пуштеше од притвор со кауција. Додека се обезбедеше кауцијата ќе поминеа 5-6 дена, кога можеа да се сослушаат и 5-те сведоци.Постапката ќе си течеше без поголеми потреси, а доколку обвинението се докажаше, државата ќе беше обештетена а виновникот ќе си одеше на тоа место каде што заслужува.

Да не се даде во бегство!. Како што е состојбата во Македонија, од неа може да избегаат само суштества што имаат криља. А што и ако некој избега. Штетата предизивикана од криминалот, државата ќе си  ја наплати од кауцијата, истиот може да се осуди во бегство, а животот во Македонија ќе биде збогатен за еден криминалец помалку. Тоа пак обратно ќе значи, дека ниедна  саглам земја не  би сакала да прибира криминалци, ако веќе и ги прибере, тешку нему,  многу бргу ќе му ги соберат „крваво  заработените“ пари.

И шчо треба Македонија да направи за однапред.

 

За да државава ни  добие атрибут на демократска земја, ограничување на слободата на граѓаните треба да се сведе на минимум односно,треба да се вопспостават прецизни правила кога може да се посегна по слободата на секој граѓанин. Кои се тие правила?

Како прво одлучувањето за притворот треба да биде одвоено од истрагата. Истражните органи би требало, пред суд надлежен за одредување притвор, „дебело„ да го аргументираат притворот, а не да се бара притвор само врз основа на „основано сомнение“ и со „пола документ“ во прилог на сомневањето.

Изјавите на сведоците дадени во предистражната постапка во присуство на адвокат, да можат да се користат во редовната судска постапка, со што би се избегнала можноста од „влијание врз сведоците“

Секој осомничен  треба да има права да се брани од слобода со полагање на кауција, која пак, би ја одредил судот врз основа висината на претпоставената штета.

 

Лесното посегнување по мерката притвор убеден сум дека тоа некој прецизно го евидентира, но засега  тоа моментално никој од демократската заедница на европско и светско ниво не ни го става на терет . Тоа во зависност од дневно политичките потреби,  би го искористеле за ни го удрат по глава  тогаш кога тоа најмалку  го очекуваме.

 
сите права се задржани 2007. revizija.com.mk! powerеd by webavto