Разлика меѓу онаа тајна вечера и оваа на НАТО е што во натовската вечера, Јуда однапред се знаеше, само не се знаеше дали апостолите ќе му дозволат да го оствари она што, тие (апостолите) декларативно се „згрозуваат“ и да помислат: негирање на нации, народи, малцинства,вера , култура.
Јуда си го оствари „предавството“ со обилна подршка на апостолите. За некои од нив, не беше важно дали една мала земја ги остварила зацртаните од нив критериуми, туку поважно беше дали дедовците имаат корени од земјата на Јуда. Познавајќи ги нивните човечки и морални вредности не би ме изненадило дедовците да им ги запознале бабите пред Бристол или Пигал.
Што ќе каже на ова ГОЛЕМИОТ, допрва ќе видиме. Ракавицата му е фрлена,а колку што ни е познато од историјата, двобојот никогаш не го одбивал, порано или покасно.
ПС
По текстот ХИТЛЕР ОД НАШИОТ СОКАК повторно бевме нападнати со вируси, само сега, по некоја среќа, без поголеми последици. Го чекаме следиот чекор.