slika
за нас  
контакт  
slika
објави оглас за работа  
регистрација на компанија  
slika
       списание
slika
       ревизорски куќи
       нудам работа
       вести
       прописи
простор за реклама
 

  
За грабежот во Народната Банка
дата 3/4/2007 12:00:00 AM
Дали досега сте слушнале за некој грабеж на Национална Банка, на начин како што е извршен во нашата Народна Банка?!

Пишува Димитар Андоновски, овластен ревизор

 

 

 

Дали досега сте слушнале за некој грабеж на Национална Банка , на начин како што е извршен во нашата Народна Банка?! Имало грабежи секако на возови, возила и слично , но секако не сме чуле за грабеж на било која Национална Банка во светот по принципот “ земи денес плати ако те фатат“. Верувам дека имало и вакви грабежи и во други земји, но сигурно тамошните власти не избрзале со транспарентноста како нашите паметни глави кои веднаш по избивање на аферата закажаа прес конференции за да на светот му предочат дека во институцијата која треба да биде најсигурен и најбезбеден сегмент во едно општество, некој се однесувал како во самопослуга  и цели  15 години ги заобиколувал сите возможни контроли. На тој начин е пратен јасен сигнал на идните инвеститори, ни случајно да не помислат да инвестираат во земја во која ни трезорот на Националната банка не е безбеден. Ова  сметам дека беше уште еден удар на амбициозната  програма на премиерот за привлекување на странски инвестиции , но сега не од опозицијата, туку од сопствените редови, ако Народната банка мо`е да се смета како сопствен ред.

Меѓутоа за нас овде е многу поинтересно еден друг аспект на грабежот. Како е можно еден  вака “прост“ грабеж да не биде откриен од страна на екстерните ревизори толку долг период. Повеќе ми се верува дека сегашниот гувернер сака да ја разводни својата одговорност на претходните гувернери,  за да  на некој евентуално не  му текне да побара одгвоорност само од него  и нормално и оставка. Во ревизијата на Народната банка  беа вклучени повеќе ревизорски куќи со меѓународен предзнак а такви беа и тендерите за ревизија: “реномирана ревизорска куќа со искуство во ревизија на национални банки“. Доколку навистина, “самопослугатата“ непречено работела 15 година, тоа е голем пропуст на ревизорските куќи кои биле вклучени во ревизијата, затоа што ваков грабеж се открива само на еден едноставен начин: ПОПИС на кој задолжително треба да биде присутен ревизорот.  Овде не се работи за некоја сложена  банкарска трансакција која ревизорот согласно Меѓународните ревизорски стандарди, и не мора да ја открие, туку се работи  за кусок на пари кој ревизорот мора да го открие. Добро, може да се прости за првата година,па и за втората и третата година . Но 15 години да се врши ревизија и да не се открие најобечен  кусок на пари , тоа  треба да се смести во рубриката “верувале или не“. Воопшто не држи образложението што го слушнавме, дека било технички неизводливо да се  пребројат  сите пари во трезорите на Народната банка. Вакво  слично ступидно образложение, беше кажано по атентатот на Киро Глигоров во врска со немањето пари за набавка на блиндирано возило. Што би рекле ревизорите на Националната банка на Америка со вероватно 1000 пати поголем фонд на готови пари?

И според ревизорската теорија и според ревизорската пракса чувањето пари, злато, накит и слични еквиваленти,  во ревизијата преставува највисок процент на инхерентен ризик, заради што ревизорот треба да планира повеќе независни тестови за да открие евентуални измами и грешки а не да се потпира само на интерните контроли. Впрочем,  според Меѓународните ревиорски стандарди, ревизорот е должен да  ги моделира  ревизорски постапки, со цел да откри можни измами и грешки  во сите ревизии, а да не збориме  ревизии во кои е планиран висок процент на инхерентниот ризик.

За конкретниот случај, а во интерес на ревизорската пракса,  е  нашите  колеги од еминентните  “меѓународни ревизорски куќи“, раководството на НБРМ кои инсистираше на нивно ангажирање, интерната контрола на НБРМ, како  научните работници од Економскиот факултет, комплетно да ги разоткријат  пројавените слабости  на ревизорите во Народната банка и да ни посочат кои постапки ревизорите  треба да да ги применат во ревизија не само на  трезорот  на Народната банка туку и во трезорите на комерцијалните банки. Грешки се прават и на нив  може многу да научиме. Ревизорската работа е транспарентна и тоа треба да се примени и во овој случај. Добро е да се потсетиме на  американската компанија  ЕНРОН  за која се  напишаа многу текстови, во кои се образложија прoпустите на ревизорите па скоро и секое предавање од областа на ревизијата почнува или завршува со ЕНРОН. За ревизиите на  НБРМ  засега молк.

 
сите права се задржани 2007. revizija.com.mk! powerеd by webavto