slika
за нас  
контакт  
slika
објави оглас за работа  
регистрација на компанија  
slika
       списание
slika
       ревизорски куќи
       нудам работа
       вести
       прописи
простор за реклама
 

  
ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ (1)
дата 3/13/2008 1:22:12 PM

1

 

Се запрашал ли некој зошто само Македонците остануваат со прстот во уста, по некои големи случувања како што се поделби, разделби, војни, конвенции, самити  и сл.

По распадот на турската империја само и само  Македонците останаа без своја држава.

По распадот на  Југославија, сите републики  што сакаа, добија свои признати држави, па дури и Косово е на добар пат тоа да го оствари, само и само Македонците сеуште стрепат за својата држава.  

На самитот на НАТО  во Букурешт единствено Македонија , тоа е веќе извесно,  нема да добие покана за членство во НАТО или ако и ја добие ќе биде блокирана со вето или со некој голем услов.

Македонија нема злато, нема нафта, нема некои големи рудни, шумски, водни и сл. богатства. Тогаш навистина не ми е јасно, што е тоа што на некои им смета да се спомне и  името Република  Македонија.

Ова прашање веќе подолго го поставувам и добивам најразлични одговори но најчесто  од љубителите на бурекот. Никој од научните работници, кои во Македонија ги има како печурки по дожд, не се зафати да го објасни овој таканаречен „синдром Македонија“ :какви  последици по меѓународниот поредок ќе има ако постои држава Македонија?  Сигурно постојат кога толку се пењават и лигават и на сенката на  Македонија.

 
сите права се задржани 2007. revizija.com.mk! powerеd by webavto