Министерството за внатрешни работи се пофали како работи европски, со фото документација за сторени сообраќјни прекршоци. Всушност, вистинската состојба е дека само казнува европски, но сеуште сепак работи по правилата на Западниот Балкан. Сликата што беше дадена во весникот ВЕСТ на раскрницата кај Тутунски комбинат е еден од доказите дека прво треба да се овозможат услови за нормален сообараќај а после да се казнува. Имено, сигнализацијата кај Тутунски е надвор од сите сообраќајни правила и прописи. Постои еден сообраќаен знак ( кои тешко може некој да го примети) со кои се укажува на престројување во три ленти но на улицата нема соодветна хоризонтално одбележување кое возачите по проста сообраќајна логика би ги престројувало на правата лента, односно од една ипол лента веднаш се преаѓа на три ленти и кога веќе ќе уочите дека сте погрешиле ,се случува блиц , ве запира сообраќаец, ви кажува дека сте сликани и 35 Евра. Ако сакате да се исклучите од авотпатот Д.Капија- Скопје кај Градско, ќе ве пречека табла со ознака Градско и стрелка право , и вие возите право и Ве запира сообраќаец, 300 Евра. На приговорите дека за Градско има стрелка право, ќе ви одговорат „ па некој будала го ставил знакот„ бидејќи другиот паметниот, малку понатаму ставил обавезен правец десно. После последната бензинска пумпа од Куманово во правец спрема К.Паланка, пак некој будала заборавил да стави знак дека брзината е 80 км/h па до Страцин (едно 40 км) треба да возите 60 км. колку што паметниот ве ограничил ставајќи знак пред бензинската пумпа. Вакви примери се многу и секогаш надвор од Скопје на мета се клетите скопјани, во Битола клетите прилепчани, во Штип клетите струмичани итн. А тие „клети“ луѓе во најголем процент не би ги направиле тие прекршоци доколку би имало соодветна сигнализација. Бидејќи само луд човек би возел во едносмерна улица загозувајќи го не само својот живот туку и животот на други, уште повеќе знаејќи дека казните за такви прекрошоци се скоро две просечни плати.
И сега доаѓаме до главното. Зошто Владата неразумно си го навлекува гневот на граѓаните, не само во случајот со сообраќајните прекршоци туку и во сите случаи каде граѓание се сретнуваат со казнени санкции каде што некој “будала“ не создал услови за нормално функционирање на законите, ниту пак правилно ја одмерил висината на санкцијата. Земето го примерот со казните во трговијата на мало. Ако на производот нема декларација (која треба задолжително да ја залепи увозникот а не трговецот на мало) 4,000 Еур казна и забрана за вршење на дејност. Тие 4000 евра трговецот на мало нема да ги заработи во следните 5 години. Бројот на незадоволни граѓани од казнената политика на Владата е се поголем. Тоа се идните гласачи, а изборите, било вонредни било редовни, секако ќе дојдат.