slika
за нас  
контакт  
slika
објави оглас за работа  
регистрација на компанија  
slika
       списание
slika
       ревизорски куќи
       нудам работа
       вести
       прописи
простор за реклама
 

  
ЗАКОНOТ ЗА ПЛАТЕН ПРОМЕТ
дата 2/6/2008 11:35:58 PM
Новиот закон за платен промет кој почна да се применува од 01,01,2008 год. предизвика доста конфузни ситуации и различни толкувања

Новиот закон за платен промет кој почна да се применува од 01,01,2008 год. предизвика доста конфузни ситуации и различни толкувања. Банките, побрзаа, од желбата за поголеми провизии, да си дадат свое толкување на Законот, па пред шалтерите на банките се случуваа трагикомични ситуации. Во првите денови не дозволуваа никакви исплати во готово иако во  Законот тоа не беше наложено.

Синдикатите се најдоа загрижени за фирмите на  кои Законот не им одоговара а на тоа се навлече, незнам од кој причини и  г-инот Стојан Андов. Кои се тие фирми? Тоа се оние кои со години работат со блокирани сметки, многу од нив не ги плаќаат обврските спрема доверителите, не плаќаат даноци и придонеси а заради нецелосно  евидентираниот промет, нивните газди имаат и огромни профити. Е сега нашиот паметен синдикат, предложува одложување на примената на законот од една година, „за да работниците од блокираните фирми  не останале на улица“. А зарем треба да останат на улица оние работници, чии што фирми  кај што работат, со години  неможат да си ги наплатат своите побарувања од блокираните фирми? Зар да им оставиме простор на газдите на овие фирми за една  година да го распродадат имотот, без да ги платат  обврските и  спрема своите вработени и спрема другите фирми ? Бидејќи како ли  ќе можат да ги платат своите обврски  со одложување на Законот од само  една година, кога години наназад, големиве газди, прометот со цесии и асигнации го насочуваа во свои  фирми- ќерки и селективно вршеа плаќања најчесто за свои сопствени интереси.

 
сите права се задржани 2007. revizija.com.mk! powerеd by webavto