slika
за нас  
контакт  
slika
објави оглас за работа  
регистрација на компанија  
slika
       списание
slika
       ревизорски куќи
       нудам работа
       вести
       прописи
простор за реклама
 

  
АРАЧИНОВО
дата 1/26/2008 2:41:49 AM
Сите политички партии се колнат во нивните заложби и програми за зачелнување во европското семејство и НАТО па дури и ДУИ

Сите политички партии се колнат во нивните заложби и програми за зачелнување во европското семејство и НАТО па дури и ДУИ. Велам „дури“ затоа што вероватно ним не им е јасно што значи да бидеш членка на Европската унија и НАТО. Како инаку да се протолкува нивното осудување на акцијата на полицијата во Арачиново кога беше застрелан убиецот на полицаецот во Автокоманда. Нека се обидат да убијат полицаец во некоја држава во Европската унија или САД, и тоа на начин како што тоа беше сторено во Автокоманда , кукавички, од зад грб, без никаков повод, недалеку од центарот на градот какде што има голема френквенција на луѓе. Ваков убиец не се гони за да се уапси туку за да се ликвидира. Тоа е непишано правило во сите држави. Не се бираат средства за да истиот се пронајде, а при тоа во најголем број случаи има и „колатерална штета“. Можеби и оној човек што беше лоциран на МАРС бил некаков убиец на полицајци па и таму го фатиле.

Приметивте, никој од меѓународниот политички фактор не ја осуди акцијата на полицијата во Арачиново. Така било, е и ќе биде во иднина. Колку за потсетување на идните потенцијални убици на полицајци.

 
сите права се задржани 2007. revizija.com.mk! powerеd by webavto